ПЕКАРСКИ КВАСЕЦ
Производството на квасец во фабриката КВАСАЦ д.о.о. во Хрватска започнало уште во далечната 1876 година, како прва квасара во овој дел на Европа. За високиот квалитет на квасецот зборуваат записите од тоа време дека од оваа квасара се носел квасец во дворецот во Виена.
di-go Свежиот пекарски квасец – се употребува за подигање на тестото за време на процесот на ферментација при што доаѓа до разградување на шеќерот-малтоза на: алкохол и СО 2. Ова својство на квасецот го знаеле и старите Египјани уште пред 3000 години.
DI-GO СВЕЖ КВАСЕЦ 500 g – Пакување: 20 парчиња од 500 гр. во транспортна кутија од 10 кг
Идеална температура за чување на свежиот квасец е од 4 до 8 C на која температура квасецот најспоро ја троши својата енергија и воопшто не ја губи својата активност во наведениот рок за употреба.
DI-GO СВЕЖ КВАСЕЦ 45 g – Пакување: 36 коцки од 45 гр. во дисплеј кутија од 1,62 кг
Домашниот свеж квасец пакуван во мали коцки од 45 гр. може да се замрзне, а пред употреба постепено да се одмрзне на собна температура или во фрижидер од 4 до 8 С
DI-GO ИНСТАНТ СУВ АКТИВЕН КВАСЕЦ
Пакување: 500 гр. ; 125 гр. ; 7 гр. и 5 х 7 гр.
Di-go, инстант сувиот активен квасец се дозира во помала количина од свежиот квасец. Поради големата количина на суви материи треба да се додаде повеќе вода во замесот зада тестото не биде суво и тешко за обработка.
Di-go, инстатнт сувиот активен квасец директно се става во брашното и не треба претходно да се размешува во млака вода или млеко.
Di-go, инстатнт сувиот активен квасец е стабилен и помалку осетлив на условите за складирање, па има долг рок на чување – најмалку една година ако не се отвори амбалажата. По отварање на кесата квасецот мора да се употреби во краток рок, бидејќи истиот бргу ке ја изгуби способноста за подигање на тестото.