МАРГАРИНИ И МАСТИ КРИСТАЛ 


СОНЧОГЛЕДОВО МАСЛО  КРИСТАЛ

Сончогледовото масло Кристал е еден од најпрепознатливите брендови во историјата на македонската прехранбена индустрија, со традиција подолга од 90 години. Произведено со врвна технологија на рафинирање на суровото масло добиено од висококвалитетно сончогледово семе набрано на македонските полиња, маслото Кристал е синоним за квалитет. Се одликува со префинет вкус и мирис и одлична стабилност. Богато е со витамините Е, B1, B2, B3, C и со минерали како бакар, цинк, фосфор и магнезиум. Содржи нутритивни компоненти, кои го намалуваат ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.

Пакување за индустрија: 5 и 10 литра


ИНДУСТРИСКИ МАРГАРИН

ЗА ЛИСНАТИ ТЕСТА КРИСТАЛ

Индустрискиот маргарин за лиснати теста КРИСТАЛ е специјално дизајниран како маргарин за лиснати теста и кроасани. Поседува одлична пластичност и соодветна точка на топење за да се создаде голем волумен, оптимална слоевитост и крцкава текстура на готовиот производ. Најдобри резултати дава на температура од 20 C.

Пакување: 5 ламели од 2 кг во транспортна кутија од 10 кг.


ИНДУСТРИСКИ МАРГАРИН ЗА ПЕКАРСТВО КРИСТАЛ

Овој маргарин се користи во замесот во тестото за леб, пецива и кроасани како и за производство на бурек со мешање со сончогледово масло КРИСТАЛ

Пакување: блок од 10 кг во картонска кутија


ИНДУСТРИСКИ МАРГАРИН ЗА СЛАТКАРСТВО КРИСТАЛ

Овој маргарин  се употребува во слаткарството за производство на различни кремови за слатки и колачи. Има неутрален мирис и лесно се ароматизира. Добиениот крем е мазен, пенаст, стабилен и лесно се нанесува на тесто.

Пакување: блок од 10 кг во картонска кутија


ПРВОКЛАСЕН МАРГАРИН КРИСТАЛ

Првокласен маргарин Кристал во коцка е  маргарин, произведен од  висококвалитетни растителни масти и масла. Овој производ има долгогодишна традиција на широка примена во пекарството и во домаќинствата во Македонија.

Пакување: 24 парчиња од 250 гр. во картонска кутија од 6 кг.


ТРПЕЗЕН МАРГАРИН КРИСТАЛ

Трпезен маргарин во коцка е првокласен маргарин, произведен од  висококвалитетни растителни масти и масла. Кога ќе помислите на домашни кифлички или слатки, една од првите асоцијации е токму маргаринот Кристал во коцка. Овој производ има долгогодишна традиција на широка примена во домаќинствата во Македонија. Произведен е од висококвалитетни растителни масти и масла и е препорачлив за конзумирање за сите возрасти.

Пакување: 24 парчиња од 250 гр. во картонска кутија од 6 кг.


T-OILS

Течна емулзија за премачкување на

тави, плехови и ленти во пекарството

ПРЕДНОСТИ:

  • Спремно за употреба – ШТЕДИ ВРЕМЕ
  • Одлична замена за сончогледово масло, путер, маргарин  – ПЛЕХОВИТЕ НЕ ГОРАТ И НЕ ПОЦРНУВААТ
  • Се нанесува во тенок слој со четка – ЛЕСНО ЗА УПОТРЕБА
  • Не е потребно да се побрашнува плехот – ЛЕСНО ЗА МИЕЊЕ
  • Одлични резултати – не се лепат производите на плехот – 100% ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИТЕ

Пакување :  9 кг во пластична туба

Складирање: Собна температура